Првиот Узбекистанец во Премиер лигата доби неверојатен подарок фудбалскиот сојуз на својата земја! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Абдукодир Хусанов зимава направи голем трансфер и потпиша со англискиот гигант Манчестер Сити.

20-годишникот за 40 милиони евра од Ленс се пресели на „Етихад“ и стана прв Узбекистанец во Премиер лигата. На првиот репрезентативен собир оваа година Хусанов доби огромно изненадување и подарок.

Според информациите, Фудбалскиот сојуз на Узбекистан му подари на младиот фудбалер автомобил од марката Мерцедес Г-класа. Станува збор за елитен џип кој во зависност од опремата чини од 160.000 до 270.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани