276
Атлетико Мадрид како приоритет има ангажман на нов голгетер, и откако извисија во трката за потписот на Артем Довбик, се насочија кон Александер Сорлот од Виљареал.
Тимот предводен од Диего Симeоне, минатата недела го договори трансферот на Артем Довбик, но најдобриот стрелец во Ла Лига од минатата сезона, на крајот ги извиси и реши да одбере преселба во Рома.
Атлетико веднаш се насочи кон друга цел и тргна по потписот на вториот најдобар стрелец во Ла Лига, Александер Сорлот од Виљареал.
Се говори дека преговорите бележат добар прогрес и се очекува да падне договор за трансфер вреден околу 35 милиони евра.