Повредата на Хуан
Квадрадо го натера Интер да започне потрага по нов офанзивен десен бек, па Бепе
Марота и неговите соработници го обновија интересот за Тејџон Бјукенан од Клуб
Бриж.
По кратки
преговори, двете страни си подадоа рака и 24 годишниот фудбалер синоќа
пристигна во Милано на лекарски прегледи.
Откако беа
комплетирани сите формалности, Интер попладнево и официјално го соопшти
трансферот.
Како што
пренесуваат медиумите, „нероаѕурите“ ќе платат 7 милиони евра, плус додатни 3
милиони во бонуси. Фудбалерот доби соработка до 2028 година и плата од 1,5 милиони евра по
сезона.
Тејџон Бјукенан,
кој ќе биде првиот Канаѓанец во Серија А, би можел да дебитира во „црно-синиот“
дрес на 13. јануари и гостувањето кај Монца.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.