Самуел Чуквуезе е
една од желбите на Милан за засилување на нападот и се шпекулира дека
„росонерите“ доставиле вербална понуда вредна 25 милиони евра сосе бонуси.
Тоа е десетина
милиони помалку од она што го бара Виљареал, се говори дека „жолтата
подморница“ поставила цена од 35 милиони евра.
Останува да се
види дали двата клуба ќе пронајдат компромис, а во меѓувреме, претседателот на
Виљареал реши да испрати провокација до Милан.
„Не знам дали
Милан е заинтересиран за Чуквуезе, арно ама, ако е заинтересиран на истиот
начин кога дојдоа да го купат Матео Мусакио со господинот Галијани на чело и ни
кажаа дека немаат пари… ќе јадеме фидеуа (специјалитет во Валенсија од морска храна) и ќе си одиме дома“ – порача првиот човек на „жолтата подморница“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.