Првиот човек на Лас Палмас: Сите мислат дека Барселона го купи Педри за 5 милиони евра… можеме да добиеме 30-35 милиони

by
1 минути читање

18 годишниот
Педри, кој беше купен во септември 2019 за 5 милиони евра и оставен на позајмица
во Лас Палмас, веднаш се наметна кај Роналд Куман и стана стандарден првотимец.

Тинејџерот беше
хит во октомври минатата година откако на „Кам Ноу“ дојде со ќеса од
супермаркет за дуелот со Ференцварош во Лигата на шампиони, натпревар на кој го
постигна својот прв гол за сениорскиот тим на каталонците.

Пред него е
светла иднина, од сите страни стигнуваат честитки за зделката, но очигледно и
Лас Палмас добро ќе се офајди.

Првиот човек на
клубот вели дека тие можат да добијат помеѓу 30 и 35 милиони евра доколку се
исполнат сите бонуси.

„Сите мислат дека
Барса го купи Педри за 5 милиони евра, но ние веќе добивме 10 милиони евра со
активирање на клаузулите. Ако се исполнат сите бонуси, сумата може да порасне и
до 30 или 35 милиони евра“
– вели Мигел Анхел Рамирез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×