Голем број на
извори од Италија денеска објавија дека Сергеј Милинковиќ Савиќ кажал ДА на
понуда од Ал Хилал вредна околу 20 милиони евра по сезона.
Првиот човек на
Лацио, Клаудио Лотито не сакаше да навлегува во детали, но сугерира дека
Србинот е пред преселба во Саудиска Арабија.
„Не сум запознаен
со тоа дека зделката е завршена, можеби знаете повеќе од мене. Јас во моментов
немам потпишано ништо“ – вели претседателот на „бјанкочелестите“.
„Ми беше кажано дека
играчот добил вредна понуда, додека пак понудата за клубот не е толку вредна“.
„Играчот побара
да замине од Лацио, не се работело за пари туку за мотивација, сакал промена.
Но кога одите во Саудиска Арабија, парите се мотивацијата… најубаво е да го прашате
него“.
„Се обидов да го
задржам, му понудив договор со поголема плата, но кога играчот сака да замине,
не можете да сторите ништо. Ми се јави и ме молеше да му дозволам да замине“.
Се говори дека Ал
Хилал е подготвен на Лацио да му плати помеѓу 40 и 50 милиони евра за трансфер
на Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.