Првиот човек на Ла Лига со закана за „Барсагејт“: Лапорта убаво да објасни или да си поднесе оставка!

by
1 минути читање

Минатата недела,
Барселона беше вмешана во голем скандал откако се појавија информации за
милионска исплата во периодот од 2016 до 2018 кон потпретседателот на судискиот
комитет Енрикез Негреира.

Денеска неколку
клубови го кренаа гласот и побараа што поскоро да се расчисти целата ситуација.

Вечерва се огласи
и првиот човек на Ла Лига, кој побара од Жоан Лапорта да даде објаснување.

„Има загриженост
кај сите клубови за случајот „Негреира“, за сумите кои се исплаќале и должината на договорите“
– вели Хавиер Тебас. „Се стравува дека ова може да му наштети на шпанскиот
фудбал“.

„Доколку Жоан
Лапорта не објасни убаво, треба да си поднесе оставка. Не даде разумно
објаснување за исплатите. Во соопштението на Барса се говореше дека ова е
пракса во сите клубови, но не е баш така“.

„Едно е да
ангажирате поранешен судија, друго е да ангажирате поранешен судија кој е
потпретседател на судискиот комитет. И не се вршени исплати само три години,
туку многу повеќе“.

„Ова воопшто не
ми се допаѓа“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани