Првиот човек на Галатасарај: Икарди одби 40 милиони од Саудиска Арабија за да се врати во Турција!

by
1 минути читање

Галатасарај
синоќа ги презентираше засилувањата за новата сезона а очекувано најголемо
внимание привлече Марко Икарди, кој минатата сезона настапуваше на позајмица и
беше еден од најзаслужните за освоената титула.

Првиот човек на „жолто-црвените“
откри интересни детали од трансферот на Аргентинецот, кој одбил богат предлог
од Саудиска Арабија за да се врати во Турција.

„Мауро Икарди
одби 40 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија и се врати да потпише со нас
за 10 милиони евра по сезона, од кои 4 милиони ќе ги покриваат спонзорите. Ова
е најдобар доказ за тоа каков проект имаме“
– вели претседателот Дурсун Озбек.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани