Претседателот на
Бреша, Масимо Челино беше доста популарна особа низ медиумите изминатиот
период, и тоа најмногу поради големиот талент, фудбалскиот бисер кој го има во
својот клуб, Сандро Тонали.
Како што е
познато, „новиот Пирло“, како што го нарекуваат 20 годишниот фудбалер од
средниот ред ќе биде дел од редовите на Милан, клуб кој излезе како голем
победник во трката за талентираниот Италијанец.
Како и да е,
Челино потврди дека Тонали имал договор со Интер, меѓутоа не сакал ниту да
слушне други опции кога слушнал дека заинтересиран за неговите услуги е токму
Милан, одбивајќи ги дури Барселона и Манчестер јунајтед.
„Знам дека Бепе
Марота (директорот на Интер) го посакуваше Тонали, како и тоа дека Антонио
Конте го цени неговиот талент, мислам дека агентот на Тонали веќе имаше
договорено трансфер во Интер“ рече Челино.
„Тој беше убеден
дека ќе го облече дресот на Интер, меѓутоа, се до овие моменти сето тоа
спласна, ништо не се случуваше, а откако Милан покажа вистински интерес за
него, тој не сакаше ниту да слушне за други опции, гледано низ годините наназад
јас имам одлични релации со Милан, а договорот со Паоло Малдини брзо го
постигнавме“ додава тој.
„Исто така
интерес за Тонали покажуваа Барселона и Манчестер јунајтед, но момчево го сака
Милан и беше толку импресиониран кога слушна за понудата, навива за тој клуб“
наведува првиот човек на Бреша кој не крие дека одбил богата понуда од
Барселона.
„Ние одбивме
понуда вредна 65 милиони евра од Барселона во јануари, а неколку дена потоа и
од Манчестер јунајтед кои понудија 10 милиони евра повеќе во однос на Милан“
заклучи Челино.