Првиот човек на Барса може да заврши во затвор поради Лео Меси?!

by
1 минути читање

Барселона и Лео
Меси се во војна. Аргентинецот побара да го напушти клубот беспари и да ја активира клаузулата
со која може еднострано да го раскине договорот, но „каталонците“ одговорија дека нема правна основа за ова и му порачаа дека единствен начин да замине е
доколку некој ја плати откупната клаузула од 700 милиони евра.

Има многу причини
зошто Жозеп Мариа Бартомеу и неговиот борд на директори завземаат ваков цврст став, никој не
сака да остане без најдобриот фудбалер на денешницата, но новинарот Гиљем
Балаге вели дека има и една причина од личен карактер.

Имено, првиот
човек на Барса може да заврши зад решетки доколку го продаде напаѓачот под
реалната вредност.

„Доколку биде
направена лоша зделка, следниот претседател или пак сопствениците на сезонски билети
можат да го обвинат Барто за лошо раководење со сретства. Тоа би значело голема
исплата од неговиот сопствен џеб, па дури и затвор! Затоа тој треба да се бори против заминување на Меси до самиот крај“
– пишува новинарот на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×