Први прогнози за повредата на Мбапе, напаѓачот порача: Ви благодарам за пораките

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
синоќа заработи повреда против Сент Етјен во финалето од Купот на Франција,
младиот напаѓач со солзи во очите го напушти теренот, а подоцна во второто полувреме,
на патерици се врати на клупата но барам имаше насмевка на лицето.

Според Радио
Монте Карло, утрово биле извршени серија тестови кои покажале дека се работи за
навистина лошо извиткување на зглобот. Но добро е што нема фрактура и
посериозно оштетување на лигаментите.

Во следните 48
часа ќе се има појасна слика, но се верува дека Килијан Мбапе нема да игра
против Лион во финалето од Лига Купот (31. јули), а исто така е под голем знак прашалник за
четвртфиналето од Лигата на шампионите и пресметката со Аталанта (12. август)
.

Во меѓувреме,
Килијан Мбапе се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Се разбудив како
победник, нема подобро чувство. Ви благодарам за убавите пораки,
навистина ме допреа. Бакнежи за сете, имајте убав викенд“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани