Медиумите од Шпанија пишуваат за први несогласувања помеѓу Жозе Мурињо и Реал Мадрид, причината е фитнес тренерот Антонио Пинтус.
Жозе Мурињо е се поблиску до камбек во Реал Мадрид, според одредени извори работата е веќе завршена, и само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда (се очекува најдоцна до 26. мај).
Но како што пренесува АБЦ Депортес, има одредени несогласувања помеѓу „специјалниот“ и „кралевите“.
На почетокот од овој месец, беше објавено дека Жозе Мурињо поставил 10 услови за да го презеде кормилото на Реал Мадрид.
Еден од условите е целосна контрола врз фитнесот на играчите, работа со свои луѓе од доверба и заминување на Антонио Пинтус.
Но фитнес тренерот е човек од доверба на Флорентино Перез, кој инсистира на негово останување.
Сега одлуката е во рацете на Жозе Мурињо, и засега не е познато дали ќе го прифати или не ова барање на Реал Мадрид.