Неколку извори објавија дека младата ѕвезда на РБ Лајпциг, Јан Диоманде си подал рака на ПСЖ и е на добар пат да се пресели во Париз.
Ливерпул го идентификуваше Јан Диоманде како прва опција за наследник на Мо Салах и испрати понуда од 100 милиони евра за неговите услуги.
Но последните информации велат дека младиот фудбалер од БСК им свртел грб на „црвените“ и веќе се договорил со друг клуб.
Неколку извори го најавија Јан Диоманде како нов фудбалер на ПСЖ, офанзивниот фудбалер и „светците“ си подале рака за петгодишна соработка.
По неколку состаноци, Јан Диоманде денеска го прифатил проектот на актуелниот шампион на Франција и Европа, а клучна улога одиграле разговорите со Луис Енрике, кој му ги презентирал плановите и му ветил важна улога во тимот.
ПСЖ сега треба да пронајде дил со РБ Лајпциг, но се верува дека тоа нема да биде проблем, двата клуба имаат добри односи и веќе реализираа неколку зделки во минатото.