Прва јавна реакција на Барса: Ова е навистина важна вест… сакаме Меси да остане и околку него да го градиме проектот

by
1 минути читање

Барселона не се откажува од Лео Меси, ова го порача техничкиот секретар Рамон Планес. Денеска „каталонците„ го презентираа јануарското засилување Тринкао, па неизбежни беа прашањата за иднината на Аргентинецот, кој синоќа испратил допис и побарал да замине ова лето.

„Ова е навистина важна вест, но нашата идеја е понатаму е иста, сакаме да изградиме нов победнички циклус околу најдобриот фудбалер во светот. Не размислуваме за негово заминување бидејќи сакаме Меси да остане. Имаме огромна почит кон Лео, тој има дадено многу за клубот. Се работи за брак во кој двете страни си имаат дадено многу еден на друг, и имаат донесено огромна радост на фановите. Мислам дека иднината е позитивна, јас сум оптимист. Работиме напорно за да се осигураме дека врската помеѓу Меси и Барселона ќе продолжи. Се надевам дека ќе го убедиме“ – порача Рамон Планес.

„Не треба ова да биде војна помеѓу Меси и Барселона. Ниту една од двете страни не го заслужува тоа. Нема поделба во бордот на директори околу иднината на Лео, сите скаат да уживаат во неговата магија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×