Прв судир помеѓу Чави и Деко, спортскиот директор смета дека Барса прави голема грешка

by
1 минути читање

Деко минатата
недела беше промовиран како нов спортски директор на Барселона и веќе се говори
за неговиот прв судир со тренерот Чави.

Еден од
приоритетите на „каталонците“ ова лето е ангажман на нов десен бек, а Чави и
Деко имале различни имиња на ум.

Спортскиот
директор сметал дека треба да се ангажира талентираниот Иван Фреснеда од
Ваљадолид, додека пак тренерот инсистирал на пристигнување на докажано име како Жоао Кансело од
Манчестер Сити.

Чави ја добил
оваа битка и Португалецот е пред преселба во Барса, се очекува во следните
денови да пристигне и официјална потврда за трансферот.

Деко пак смета
дека е направена голема грешка, очекува Иван Фреснеда да блесне, неговата цена
дополнително да порасне во следните години и Барса повеќе да нема шанси да го
купи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани