Прв шок за Куман, Меси му рекол дека својата иднина не ја гледа во Барса!

by
1 минути читање

Меси го прекина одморот за да се појави на состанок со Куман на кој Холанѓанецот требаше да му ги презентира идеите на Лео, а тој да му каже дали ќе остане или ќе си оди.

Исходот од состанокот не е онаков каков што сакал Куман, Меси му рекол дека поголеми се шансите да замине отколку да остане.

Тој сака да си замине, но свесен е дека не зависи само од него бидејќи има активен договор со Барселона.

„РАЦ1“ побарале и мислење од клубот од каде рекле само дека Меси има активен договор.

Се верува дека тешко ќе биде Барселона да го задржи Меси ако тој сака да си замине. Аргентинецот има толку многу направено за клубот што раководството не смее ниту да помисли да противречи на негова желба. 

Како опции за Меси се споменуваат Манчестер Сити, ПСЖ и Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×