Прв пораз за Покетино, ПСЖ како аматерски тим прими гол во 92. минута и загуби (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лориен приреди
големо изнандување, во финишот од мечот направи пресврт и во 92. минута го
шокираше ПСЖ.

Абержел донесе
водство од 1-0 во 36. минута, но Нејмар од пенал во 45. минута се погрижи на
пауза да се замине со 1-1. Бразилецот потоа во 58. минута реализираше нов удар
од белата точка и донесе предност за „светците“ од 1-2.

Многумина
веројатно помислија дека ПСЖ во продолжението само ќе ја потврди победата, но
домаќините не се предадоа и изедначија преку Виса во 80. минута.

Во 92. минута следуваше
шок. ПСЖ доби слободен удар, Нејмар се обиде набрзина да го проигра Мбапе и да
ги изненади домаќините, но одбраната на Лориен одлично се снајде и не само што
спречи шанса, веднаш го уфрли Мофи во контра, фудбалерот се најде осамен пред
голманот Рико и го матираше за 3-2 и огромно славје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×