Се’ или ништо, документарецот подготвен од
Амазон е подготвен да се лансира низ медиумскиот простор, документарец во кој
одблизу е претставена изминатата сезона на Тотнем, вклучително и заминувањето
на Маурицио Покетино, како и назначувањето на Жозе Мурињо.
Мурињо нема да го гледа документарецот за Тотнем: Како да сум во Големиот Брат… (ВИДЕО)
Документарецот
кој сигурно буди голем интерес кај љубителите на фудбалот за одблизу да ги
проследат случувањата во Тотнем од прва рака, ќе биде објавен идната седмица, а
во пресрет на објавувањето од „Амазон“ објавија една доста провокативна реклама
на билборд, не толку далеку од домот на Челси, „Стемфорд Бриџ“.
На билбордот е
фотографија во поголем обем од Жозе Мурињо, инаку екс тренер на Челси, сегашен
на градскиот ривал Тотнем, а покрај него е испишана и порака со прашање:
Дали сте се запрашале што ќе стори
вашиот поранешен?.
Мурињо го
предводеше Челси од клупата во два наврати, прво во периодот 2004-07, а потоа
2013-15, освојувајќи три титули со тој клуб во Премиерлигата, една во ФА Купот,
како и три во Лига купот.