Противкандидатот на Перез не сака Мурињо да биде нов тренер на Реал

by Стефан
1 минути читање

Во Реал Мадрид е во тек предизборна кампања пред претстојните претседателски избори, на кои како кандидати се споменуваат Флорентино Перез и Енрике Рикелме.

Една од главните теми во овој период е изборот на нов тренер, а ставовите на двајцата кандидати значително се разликуваат.

Перез, според најавите, е наклонет кон враќање на Жозе Мурињо, додека Рикелме застапува поинаков пристап и се залага за долгорочен проект во клубот.

„Мурињо е одличен тренер, но на Реал Мадрид му е потребен план за иднината, а не краткорочно решение. Треба да се смени целиот правец со среднорочни и долгорочни проекти. Не сум ниту за Мурињо, ниту против него, јас сум мадридист“, изјави Рикелме.

Неговиот став, сепак, не наишол на големи симпатии кај дел од навивачите. Причината е што многумина би го поздравиле враќањето на Мурињо, додека дел од фановите се скептични кон долгорочни проекти, имајќи предвид дека во Реал Мадрид традиционално се очекуваат брзи резултати и трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×