Пропаѓа трансферот на Пакета од 80+ милиони во Сити поради обложување, пријателите на Бразилецот претерале

by
1 минути читање

Лукас Пакета е
една од желбите на Пеп Гвардиола за засилување на тимот ова лето и се веруваше
дека преговорите помеѓу Манчестер Сити и Вест Хем бележат добар прогрес, двата клуба
беа блиску до договор за зделка вредна 80+ милиони фунти.

Сепак, трансферот
е на „стенд бај“ и големи се шансите да пропадне откако пристигнаа информации
за отворена истрага и сомнителни облози.

Како што пишуваат
медиумите, во месец март, во Бразил биле отворени голем број сметки во обложувалницата
Бетвеј (спонзорот на Вест Хем) и биле депонирани максимални суми. Потоа на 12. мај
биле уплатени голем број на облози дека Лукас Пакета ќе добие жолт картон против
Астон Вила. За добивките да бидат максимизирани, овој тип бил врзан со уште
еден, дека Луиз Енрике од Бетис ќе добие жолт картон против Виљарел.

Двајцата влегоа
во бележниците на судиите, па биле забележани убави добивки, се верува дека зад
облозите стојат пријатели на фудбалерите во родниот Бразил.

По информациите,
реакција имаше и во Бразил, Лукас Пакета беше шкртнат од составот на
„кариоките“ а Луиз Енрике избришан од тимот кој се крои за Олимписките игри во
2024 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани