Според Фабрицио Романо, Челси никогаш не понудил 120 милиони евра колку што е откупната клаузула за Енцо, ниту пак повеќе од 120 милиони евра како што се пишуваше. Официјалната понуда на Челси до Бенфика била 85 милиони евра.
Во изминатите денови двата клуба имаа интензивни разговори со цел да пронајдат решение за трансферот, но преговорите завршија неуспешно.
На крајот директорот на Бенфика, Руи Коста рекол или да бидат платени 120 милиони евра со кои ќе се активира клаузулата, или нема шанси да дојдат до Енцо.
Засега ситуацијата е таа, нема договор меѓу двете екипи. Не се отфрла можноста во текот на преодниот рок Челси да се врати со нова понуда.
Челси сега можеби ќе се насочи кон Михајло Мудрик од Шахтар кој долго време беше и уште е цел на Арсенал.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.