Пронајден е фудбалерот на Горица кој пред четири дена беше пријавен како исчезнат

by
2 минути читање

Во понеделникот Горица пријави дека е исчезнат нивниот фудбалер кој настапува Ирак, но има и шведско државјанство. Полицијата се сомневаше дека станува збор за киднапирање.

Фудбалерот денеска бил најден во унгарската полиција која извршила испрашување. Засега не се открива каде бил во изминатите четири дена.

„Добри вести. Абдулах Талал Хамид, 27-годишниот фудбалер чие исчезнување беше пријавено во понеделник на 21. август, пронајден р во Унгарија жив и здрав, а распишаната потерница е укината“, информираа од клубот.

Хаминд го контактирал претседателот на клубот, Ненад Чрнко и му се заблагодарил за грижата. Се очекува повеќе информации дополнително да бидат објавени.

@2024 – Сите права задржани