176
Македонија ќе биде еден од противниците на Босна и Херцеговина за подготовка на нивниот настап на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Денеска Фудбалската федерација на БиХ извести дека има промена во терминот на мечот против Македонија.
Дуелот се игра на 29 мај, но наместо од 18 часот како што беше предвидено, дуелот ќе се игра од 20:45 часот.
Одлуката е донесена во согласност со двете фудбалски федерации.