Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс не е оптмист дека наскоро на „Олд Трафорд“ ќе дојдат подобри денови.
Сезонава Манчестер јунајтед е далеку од врвот на табелата, дури и по тренерската смена клупата работите не тргнаа на подобро. Сколс смета дека и во наредната нема да видиме премногу промени.
„Кога ќе ги споредите составите ќе видите дека ривалите на Јунајтед се многу квалитетни на сите позиции. Манчестер јунајтед е далеку, потребен е нов голман, веројатно двајца стопери, двајца плејмејкери, двајца напаѓачи…Тимот нема никаква основа и можеби звучи смешно, но очекувам следната сезона да се борат за опстанок. Ситуацијата е навистина очајна“, изјави Сколс.
Во овој момент, Манчестер јунајтед се наоѓа на 13. Место на табелата со дури 27 бода помалку од лидерот Ливерпул.