Проблеми за Солскјер и Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се соочува со големи
проблеми откако самиот тој потврди колку ќе отсуствуваат Џеси Лингард и Ентони
Марсијал.

Обајцата горе
споменати фудбалери на тимот од Олд Трафорд предвреме го напуштија теренот од
мечот против ПСЖ каде Премиерлигашот на домашен терен беше поразен со 0-2 во
првата пресметка со францускиот првак во осминафиналето од Лигата на
шампионите.

Мислам дека тие
ќе паузираат две до три седмици, ќе се насочиме кон помладите фудбалери во
составот
“ рече Солскјер на денешната пресконференција за медиумите.

Секако, ова ќе
биде и шанса за останатите, тука се Санчез, Лукаку, како и Чонг и Гомес
“ додаде
Норвежанецот.

Ентони и Џеси
направија многу за екипата изминатиов период, тие се од огромно значење за нас,
но, со Лукаку и Санчез, иако имаат поинаков стил на играње, ќе имаат можност да
покажат тоа што го знаат и умеат
“ посочи Солскјер.

Со оглед на претпоставките кои ги даде Солскјер, Марсијал и Лингард би ги пропуштиле натпреварот против Челси во ФА купот, како и Ливерпул, Кристал Палас и Саутемптон во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани