447
Атлетико Мадрид потврди дека Жоао Феликс е позитивен на ковид-19. Тој е изолиран во својот дом и ќе го пропушти мечот со Селта.
Минатата сезона Жоао Феликс одигра 36 меча за Атлетико Мадрид од кои 27 во Примера. Даде девет гола и имаше три асистенции.
Оваа сезона засега има одиграно 25 натпревари од кои 18 во Примера, има дадено девет гола и пет асистенции.
Сезоната е на половина а тој веќе го има подобрено учинокот од минатата бидејќи има ист број на голови и две асистенции повеќе. Напредокот е очигледен, тој е еден од клучните играчи на Симеоне.