80
Лоши вести за Реал Мадрид, Зинедин Зидан можеби ги загуби двајцата главни дефанзивци за наредните мечеви, но тоа ќе биде познато по деталните тестови кои треба да бидат направени врз Рамос и Варан.
Рамос од игра излезе во 43. минута поради мускулна повреда, се пожали на болки во десниот бутен мускул.
Варан остана во соблекувалната на полувремето од дуелот меѓу Франција и Шведска, по мечот Дешам потврди дека се работи за повреда.
Поради коронавирус во аут е и Милитао, па Зидан нема да може да смета ниту на него. Начо е подготвен за игра, но не е во натпреварувачка форма.