Манчестер Сити
скапо ја плати цената за освоениот англиски Лига Куп, трофејот од тоа
натпреварување го подигна откако славеше на пенали против Чесли, а во
регуларниот дел од пресметката мрежите мируваа.
Сепак, шефот на
стручниот штаб на бранителот на шампионската титула во Премиерлигата, Пеп
Гвардиола сега се соочува со проблеми во тимот, откако со повреди се здобија
столбот во одбраната Ејмерик Лапорт, како и искусниот фудбалер од средниот ред,
Фернандињо.
Според изјавата
на Пеп по мечот, се очекува обајцата играчи на Сити да отсуствуваат неколку
седмици, како за потсетување, Лапорт беше заменет на паузата, а Фернандињо пред
самиот старт на продолженијата.
„Најлошото нешто
од сево ова е фактот што загубивме двајца фудбалери за идните неколку седмици,
ни претстојат уште многу натпревари, некогаш терените не се во добра состојба,
топката не е перфектна, а на крајот, кај играчите се случуваат повреди,
импресиониран сум од темпото на работа кај моите фудбалери, да не се здобиете
со повреда во едно вакво темпо е тешко, повредите понекогаш самите по себе
доаѓаат во вакви околности“ рече Пеп.
„Во последната
акција од првиот дел, Лапорт почувствува нешто, а Фернандињо почувствува нешто
на мускулатурата, мислам дека ќе отстуствуваат неколку седмици“ потенцираше
шефот на стручниот штаб на Сити.
Густ е распоредот
на натпревари кој го има тимот на Гвардиола, најнапред во среда на домашен
терен го пречекува Вест Хем, потоа следи гостување кај Борнмут, а потоа следи и
дуелот со Ватфорд на домашен терен.