Проблеми за Мурињо: Кејн не може да ги почне подготовките, мора да оди во самоизолација!

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Тотнем, Хари Кејн ќе го пропушти стартот на подготовките на својата екипа
бидејќи мора во самоизолација по враќањето од одмор, и сево ова се случува
поради голема промена во политиката на властите на Островот.

Голгетерот беше
на одмор заедно со своето семејство на Бахамите, таму замина веднаш по последниот
меч од сезоната против Кристал Палас (26. јули), па иако Бахамите не беа на
листата на ризични места кај властите на Островот, тоа се промени пред неполни две
седмици, за сега капитенот на „Гордиот албион“ да мора да оди во самоизолација
од 14 денови.

 Тотнем веќе ги започна подготовките за новата
сезона, а првиот тест на програмата кај составот предводен од Жозе Мурињо е утрешната
контролка со Ипсвич на домашен терен, а кога сме веќе кај Кејн, веројатно е
дека периодот за самоизолација нема да има никакви консеквенции со селекцијата
на Англија во пресрет на дуелите со Исланд и Данска
предвидени на почетокот од идниот месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×