Проблеми за Атлетико, двајца позитивни на коронавирус пред да летнат за Португалија и Ф8 турнирот во ЛШ

by
1 минути читање

„Колчонероси“ во понеделник треба да отпатуваат за Португалија за завршницата од најелитното европско натпреварување, па како дел од протоколите, синоќа биле направени тестови на сите членови од експедицијата.

Резултатите пристигнале денеска и вечерва е соопштено дека две лица се позитивни на коронавирус. Во моментов не се открива идентитетот на лицата заразени со ковид 19, ниту пак се знае дали станува збор за фудбалери или луѓе од персоналот.

Утре ќе бидат извршени нови тестови, а клубот во соработка со УЕФА ќе направи нови планови за патот кон Лисабон.

Атлтико Мадрид во четврток треба да игра против РБ Лајпциг во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×