66
Фудбалерот од
средниот ред на Арсенал, Ерменецот Хенрих Мхитарјан се очекува да паузира од
терените до шест седмици, откако се здоби тешка повреда на стапалото, односно,
се здоби со скршеница на метатарзал.
Топчиите потврдија
за повредата на Ерменецот, а од клубот наведоа дека очекуваат Мхитарјан да се
врати на тренинзите дури во февруари.
Последен пат
Мхитарјан имаше настап за Арсенал во нивниот пораз од Тотенхем пред своја
публика со 0-2 во рамките на Карабао Купот, натпревар каде имаше настап само
едно полувреме.
29 годишниот
офанзивец од редовите на Арсенал на 14 настапи оваа сезона постигна 4 погодоци
во Премиерлигата.