Во март, Жозе
Мурињо жестоко го критикуваше Танги Ндомбеле, рекордното засилување на Тотнем
за кое беа одвоени 60 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
„Специјалниот“ не
беше задоволен од залагањето на Французинот и го предупреди дека нема да му
дава шанса доколку не се подобри.
Фудбалерот од
средниот ред ги преседе на клупа првите два натпревари од ре-стартот на
сезоната, и последните информации велат дека пукнала тиквата.
ТФ1 пренесе дека Жозе
Мурињо и Танги Ндомбеле имале состанок на кој играчот го известил тренерот дека
повеќе не сака да работи со него. Двајцата повеќе не разговараат, односно
прекината е директната комуникација.
Неколку играчи на
Тотнем се обидуваат да ги смират Мурињо и Ндомбеле, се во постојан контакт со
тренерскиот персонал и Португалецот и го фалат залагањето на поранешниот фудбалер
на Лион на тренинзите.