Проблематично прво полувреме, па убедлива победа за Ливерпул против Лутон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул ја оправда улогата на фаворит против Лутон, но работите не се одвиваа така како што се очекуваше.

Во 12. минута Огбене постигна гол за водство на Лутон од 1-0, тоа беше резултатот и на полувремето.

Во вториот дел работите си дојдоа на свое. Во 56. минута Ван Дајк изедначи на 1-1, а само две минути подоцна Гакпо донесе предност на Ливерпул од 2-1.

Течеше 71. минута кога Диаз зголеми на 3-1, а Елиот во самиот финиш ги постави конечните 4-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×