159
На мечот против Астон Вила, Де Брујне беше изваден во 59. минута од натпреварот, информациите велат дека причината за тоа е повреда.
Се работи за повреда на тетивата поради која белгискиот фудбалер околу еден месец ќе биде надвор од теренот.
Покрај утрешниот меч од ФА Купот против Челтенам, Де Брујне би требало да ги пропушти и дуелите на Манчестер Сити во Премиерлигата со ВБА, Шефилд јунајтед, Барнли, Ливерпул, Тотнем, а неизвесен ќе биде за мечот со Арсенал.