Притисок врз Клоп, Ливерпул има само една победа на последните десет натпревари

by
1 минути читање

Ливерпул ја продолжува катастрофалната серија откако денеска со 2-0 загуби на гостувањето кај Хал кој се бори за опстанок.

Тимот на Јирген Клоп игра во очајна форма, Ливерпул има само една победа на последните десет мечеви во сите натпреварувања и тоа против Плимут. На последните пет натпревари имаат дури четири порази.

Ливерпул испадна и во Лига Купот и ФА Купот, фановите полека го губат трпението, харизмата на Германецот не поминува кога резултатите се лоши.

Ливерпул се уште е во топ четири, но тоа може да се промени веќе утре ако Манчестер Сити не загуби од Свонси.

Клоп се коцкаше во куповите играјќи со послаб тим и тоа се одрази негативно на победничкиот менталитет на тимот, па се чини дека Ливерпул не може да се врати во колосек.

Црвените играат само во Премиерлигата, немаат обврски во Европа, од пред неколку дена немаат ни во англиските купови, па доколку Јирген Клоп не заврши помеѓу најдобрите четири и ќе нема никакво оправдување за неуспехот.

Некои навивачи и сега бараат отказ за Клоп, но се чини дека сопствениците на клубот ќе имаат трпение со Германецот, барам уште некој период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани