Арсенал минатата
сезона киксна на гостувањето кај Нотингем Форест, но „топчиите“ синоќа си
заминаа со три бода од „Сити Граунд“.
Завршницата од
мечот стана нервозна откако Авонији намали на 1-2 во 88. минута, а ова донесе
тензија по последниот свиреж на судијата. Бен Вајт и Александар Зинченко имаа жестока
расправија, малку фалеше двајцата да се фатат за гуша, ситуацијата мораше да ја
смирува и Артета.
Медиумите од
„островото“ пренесуваат дека причина за расправијата е лошото позиционирање на
Украинецот при голот на домаќините.
Бен Вајт му
замерил на Александар Зинченко што не бил во линија со останатите тројца и на
тој начин овозможил Монтиел да избегне офсајд и потоа да му асистра на Авонији.
White has every right to be angry, look at the difference between Zinchenko and the other 3
Costing Arsenal the clean sheet yet again https://t.co/VLHvGxIwqg pic.twitter.com/MnhSvnNKLX
— (@FPLPattern) January 30, 2024
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.