Откако беше
раскинат договорот на Кристијано Роналдо, се очекува на Олд Трафорд да пристигне
нов напаѓач. Често се пишуваше дека Коди Гакпо ќе го засили нападот на
Манчестер јунајтед, но во понеделникот пристигна информација дека напаѓачот се
сели во лутиот ривал Ливерпул во зделка вредна помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Изминативе денови
имаше неколку написи за тоа како „црвените“ успеале да го украдат напаѓачот и
како Јирген Клоп одиграл клучна улога, но сега се појави и друга причина за
ваквиот развој на настаните.
Извештаите велат
дека семејството Глејзер не обезбедило соодветен трансфер буџерт на располагање
за засилувања во јануари, па Манчестер јунајтед немал пари за реализирање на зделката.
Се шпекулира дека
Ерик тен Хаг ќе треба да биде креативен и со позајмици да ги пополнува дупките во тимот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.