Претставници на Реал Мадрид имале состанок во Лондон со таткото на Белингем!

by
1 минути читање

Информациите велат дека во хотелот Челси Харбор во Лондон имало средба на таткото на Џуд Белингем со Хуни Калафат, директор за меѓународен фудбал во Реал Мадрид кој е одговорен за ангажман на млади играчи во кралскиот клуб од целиот свет.

Целта на состанокот е Реал Мадрид на претставниците на Белингем да им го презентира проектот за 19-годишниот фудбалер. Да ги убеди дека тој ќе биде многу значаен дел од тимот.

Како одминува времето се позивесно е дека Лука Модриќ нема да го продолжи договорот со Реал Мадрид, а во јуни истекува и договорот на Тони Крос. Можеби кралскиот клуб сака уште од следната сезона во средниот ред главно да биде триото од млади фудбалери, Белингем, Камавинга и Чуамени.

Но, Реал Мадрид не е сам во трката за Белингем, интерес за него има и од Манчестер Сити, Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×