Претседателот на Наполи го најави големиот трансфер: Слушнав дека купил убава вила

by bojan
1 минути читање

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентинс го најави трансферот на Кевин де Брујне и откри дека фудбалерот на Манчестер Сити веќе купил убава вила.

Кевин де Брујне треба да биде едно од големите засилувања на Наполи во летниот преоден рок, офанзивниот фудбалер беспари ќе се пресели на „Диего Марадона“ откако ќе заврши неговиот договор со Манчестер Сити на 30. јуни.

„Знам дека вее има купено, или подобро кажано, верувам дека веќе има купено убава вила. Утрово разговарав со него, со неговата сопруга и со неговиот 9 годишен син“ – вели првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Но не можам да кажам дека и официјално е фудбалер на Наполи, треба да почекаме да пристигне потписот“.

На оваа тема проговори и спортскиот директор Џовани Мана, кој рече: „Ајде да кажам дека подолго време работиме на оваа зделка и полека го гледаме финишот. Не сакам да давам лажна надеж, но работиме на комплетирање на трансферот“.

ФОТО: X/Manchester City

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани