Многумина
очекуваа Килијан Мбапе да се пресели во Реал Мадрид и да стане нов „галактико“
на Флорентино Перез, но Французинот на крајот реши да ја продолжи соработката
со ПСЖ.
Во целата
ситуација се замеша и претседателот на Франција, Емануел Макрон кој го
советувал младиот напаѓач да не заминува од Париз.
„Разговаравме
неколку пати. Се слушнавме во декември, јануари, февруари, март… Макрон ми
порача, „Знам дека сакаш да заминеш. Сакам да ти кажам дека ти си многу важен
за Франција, па не сакам да одиш во друг клуб. Имаш шанса да испишеш историја
тука, сите те обожаваат“. Му кажав дека го ценам неговото мислење… но да, се
беше навистина лудо, ви се јавува претседателот и ви кажува да останете“ – раскажува
Килијан Мбапе.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.