60
Милан тргна со
победа во новата сезона во Серија А, „росонерите“ вечерва славеа против Удинезе
со 4-2.
Гостите поведоа
по само 90 секунди, но избраниците на Пиоли веднаш одговорија, и по 15 минути
игра направија пресврт со головите не Ернандез и Ребиќ.
Пред крајот на
првиот дел, Удинезе изедначи преку Масина и најави интересно второ полувреме.
Сепак, Милан се врати во
предност веќе на стартот од продолжението на мечот, Диаз искористи една грешка
на гостите и реализираше за 3-2 во 46. минута.
Победата беше
осигурано во 68. минута, Ребиќ го постигна својот втор гол за 4-2.
На вториот
натпревар од 18:30 часот, Аталанта со 0-2 победи на гостувањето кај Сампдорија.