„Премногу го славевме четвртиот гол, а се слави кога натпреварот ќе заврши“

by Стефан
1 минути читање

Во неверојатно драматичен натпревар Манчестер јунајтед успеа да слави над Лион и така да се пласира во полуфиналето од Лигата на Европа откако во првиот натпревар во Франција беше 2-2, а вчера на „Олд Трафорд“ по продолженија 5-4.

Имаше Лион водство од 2-4 во финишот од второто продолжение, но на крајот и тоа не им се покажа како доволно за да слават победат.

Тренерот на Лион, Паоло Фонсека по натпреварот беше со измешани емоции.

„Тешко ми е да објаснам што се случуваше. Емоциите ми се измешани. Моите играчи направија одлични работи низ натпреварот. Направивме пресврт од 2-0 до 2-4, но не останавме доволно сконцентрирани. Премногу го славевме четвртиот гол, а не треба да се слави се додека натпреварот не заврши. Им кажав на фудбалерите и дека мораат да научат нешто од овој натпревар, тажен сум бидејќи заслуживме повеќе“, изјави Фонсека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани