Премиерлигата во новата сезона ќе има три новитети и повеќе ќе наликува на американските спортови

by bojan
1 минути читање
Ливерпул

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Премиерлигата во новата сезона ќе има три новитети кога се во прашање преносите на натпреварите, кои повеќе ќе наликуваат на оние од американските спортови.

Премиерлигата богато ги продава ТВ правата, па бара начини како да им обезбеди поголема вредност на ТВ куќите.

Како што пренесува Телеграф, во новата сезона ќе има три новитети и најсилното фудбалско првенство на Англија повеќе ќе наликува на американските спортови.

На полувремето ќе има интервјуа со фудбалерите и менаџерите, а ќе има и интервјуа со фудбалерите кои ќе бидат извадени од игра, секако откако ќе се „оладат“ малку на клупата.

Камерите ќе имаат пристап до соблекувалните, а ќе можат да влезат и на терените кога фудбалерите ќе слават гол.

Целта е натпреварите да се доближат до гледачите и да се зголеми доживувањето на љубителите на фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×