Премиерлигата
постави повисоко ниво во справувањето со нелегалните сервиси за стримови на
натпревари од тоа првенство во пресрет на новата сезона која стартува во
сабота, се прават максимални напори целосно да се блокираат таквите пристапи.
Од силното
фудбалско првенство на Островот се во потрага по најдобрите компании во оваа
дејност со кои ќе соработуваат за да се извлече најдобриот резултат по ова
прашање кое се провлекува низ годините.
„Дејли рекорд“
објави дека од Премиерлигата првично имаат преддоговор со една шкотска
компанија која ќе ги блокира нелегалните стримови за Премиерлигата да го
заштити својот бренд, а познато е дека зад тв правата од ова првенство стојат
навистина високи цифри.
Од компанијата „Висталворкс“
веќе изработиле посебен софтвер која воедно и ќе ги предупредува нелегалните
сервиси дека тоа што го прават се коси со законот на Островот.
Само во сезоната
2018/19 беа блокирани дури 210,000 стримови, како и 360,000 видео инсерти од
самите натпревари во Премиерлигата.