Премиерлигашите повторно не одобрија пет замени, но донесоа некои други промени

by
1 минути читање

Не се собраа доволно гласови од клубовите за дозвола на пет замени за време на натпревар од Премиерлигата. 

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола силно се залагаа за воведување на ова правило, но не им помина. Некои сметаат дека големите клубови кои имаат поширок ростер на квалитетни фудбалери ќе добијат дополнителна предност ако има пет замени.

Но како компромис е воведено правилото да има до две дополнителни замени доколку некој играч добие потрес на мозокот или друга посериозна повреда на главата поради која ќе мора да го напушти мечот.

Се прифати и предлогот за подолга клупа, па наместо досегашните седум, од престојниот викенд клубовите ќе можат да имаат по девет играчи на клупата.

Тоа беше желба на Жозе Мурињо кој често истакнуваше дека е потребно да се прошири клупата бидејќи многу играчи неоправдано треба да останат на трибините а друго е чувството кога се на клупа и кога воопшто не се во составот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×