836
Премиер лигата денеска потврди дека се отворени постапки против градските ривали Евертон и Ливерпул за инцидентите кои се случија по завршувањето на нивниот меѓусебен натпревар.
Постапка е отворена и против Арне Слот кој секако ќе биде суспендиран два натпревари бидејќи црвениот картон кој го доби му беше втор во сезоната.
Слот е обвинет за односот кој го имал со судијата, додека клубовите затоа што не успеале да ги спречат своите фудбалери во правењето инциденти.
Исто така обвинение е отворено и против помошникот на Слот кој поради истата причина како и холандскиот стратег заработи црвен картон.