Прекрасен гол на Модриќ, Азар не може да погоди и од пенал, Реал ја наполни мрежата на Селта (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Карло
Анчелоти ја забележаа и втората победа на стартот од новата сезона во Ла Лига,
вечерва без многу проблеми со 1-4 славеа на гостувањто кај Селта и покрај тоа
што во тимот ги немаше Тони Крос и Касемиро.

Бензема од пенал
го отвори резултатот во 14. минута, за Аспас во 23. минута исто така од пенал
да изедначи на 1-1.

Пред крајот на
првиот дел, Реал Мадрид се врати во предност, Модриќ прекрасно погоди во аголот
за 1-2.

По десетина
минути игра во второто полувреме, Модриќ го исфрли Винисиус во фор, Бразилецот
го помина голманот на Селта и зголеми на 1-3. Во 66. минута следеше нова
контра, Валверде реализиаше за 1-4.

Во финишот,
победата можеше да биде и поубедлива, но Еден Азар не реализираше најстрога
казна, а голманот на Селта успеа да го одбрани и ударот на Бензема, кој прв
стигна до одбиената топка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани