81
Бејл заедно со Регилон утре патува во Лондон каде што ќе го комплетира трансферот од Реал Мадрид во Тотнем.
Преговорите кои траеа во текот на целиот денешен ден се завршени, потврди агентот на Бејл, Џонатан Барнет за „СЕР“.
Бејл во Тотнем ќе игра на едногодишна позајмица, а платата ќе му ја плаќаат двата клуба по половина.
Се уште е нејасно дали Тотнем ќе има опција комплетно да го откупи Бејл по завршувањето на сезоната.
Се очекува во текот на утрешниот ден и Бејл и Регилон да бидат потврдени од Тотнем како нови засилувања.