809
Според последнитеи нформации од Италија екипата на Интер во наредниот период би можела да се засили со 20-годишниот Аргентиенц од Комо, Нико Паз.
Наводно, Хавиер Занети веќе одржал состанок со таткото на фудбалерот и преговорите оделе во добра насока. Сепак, сериозен конкурент на „нероаѕурите“ може да биде Реал Мадрид кој има предност во случај да сакаат да го откупат договорот на младиот Паз.
„Кралевите“ договорија таква клазула при неговиот потпис со Комо каде што сезонава игра одлично и постигна шест гола, додавајќи и три асистенции. Но, засега не е познато дали Реал Мадрид има намера да го врати во своите редови.
Со екипата на Комо Паз има договор до 2028 година.