Предупредување за Јамал: Внимавај да не завршиш како Бојан Кркиќ

by Стефан
1 минути читање

Ламин Јамал е новата тинејџерска ѕвезда на Барселона која силно блеска и игра одлично.

Јамала иако има 17 години веќе е стандарден репрезентативец на Шпанија со која го освои Европското првенство, додека за Барселона има над 100 натпревари.

Сега предупредување до Јамал испрати славниот напаѓач Тиери Анри кој му порача да биде вниматален за да не му се повтори судбината која во минатото ја имаше Бојан Кркиќ.

Кркиќ своевремено многу ветуваше, беше и најдобар млад фудбалер, но во продолжение од кариерата не успеа да го исполни потенцијалот.

„Истото што сега се случува со Јамал јас го поминав со Бојан Кркиќ. Тој се загуби во смисла на тоа да стане анксиозен, да не сака да го гледаат во јавноста, а луѓето некогаш забораваат на тоа.

Станува збор за млада личност, безмалку дете, а светот очекува премногу од него. Бојан имаше храброст за тоа да зборува и ја раскажа својата животна приказна низ документарен филм, не можеше да се носи со притисокот и дури одби да игра на Светското првенство во Јужна Африка кога Шпанија ја освои титулата“, изјави Анри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани